Свлечишта и поплави во Јапонија – најмалку 13 загинати

Сподели

Обилните дождови низ цела Јапонија предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето. Најмалку 13 лица загинаа, додека 45 се водат за исчезнати, меѓу кои се луѓе за кои се верува дека биле однесени од реки или канали, според јапонскиот телевизиски канал NHK.

Од префектурата Кјото, една од најтешко погодените, велат дека работат на ставање на ситуацијата под контрола со помош на неколку брани, пренесува АП.

Исто така, се наведува дека 250 луѓе морале да ги напуштат своите домови и дека една жртва била идентификувана како 52-годишна жена.

Во префектурата Џамагучи, каде што имаше обилни врнежи, на жителите им било кажано да се придржуваат до сигналите за евакуација и да реагираат брзо.

Во некои области се издадени предупредувања за лизгање на земјиште и патиштата се блокирани.