СЗО: Oдлучни мерки против ширењето на епидемијата со корона вирусот

Сподели

 

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус ги предупреди светските влади дека континуираното ширење на коронавирусот е „не е вежба“ и оти е неопходно да се преземат одлучни мерки за да се спречи ширењето на епидемијата.

Аданом го упати апелот во момент кога бројот на заразени луѓе во светот се доближува до бројка од 100 илјади, а тенденцијата за ширење не запира во Јужна Кореја, Јапонија и некои европски земји, Иран и САД.

Тој вчера предупреди дека иако здравствените служби низ светот имаат капацитет успешно да се справуваат со ширењето на коронавирусот, во некои земји изразената политичката волја и подготвеност не се сразмерни со реалниот ризик.

– Епидемијата се уште може да тргне во која било насока, рече Гебрејесус.

Тој истакна дека бројот на заразени со Ковид-19 во Кина се стабилизира, но оти „привидното забавување на ширењето на епидемијата треба да се следи со голема претпазливост“.

МИА