Тајфунот во Јапонија одзеде 70 животи, се трага по 12 лица

Сподели

 

Спасувачите во Јапонија и денеска работат со крајни залагања, трагајќи по 12 лица што уште се водат како исчезнати по ударот на тајфунот во саботата. Последиците по градбите и инфраструктурата се огромни, а досега е потврдена смртта на речиси 70 лица.

Силните ветришта и обилните врнежи од дожд што ги донесе тајфунот предизвика бројни поплави и лизгања на земјиштето.

Хагибис во саботата најсилно удри во областа што се наоѓа јужно од Токио. Ветриштата достигнувале брзина до 216 километри на час, но главното уништување е предизвикано до огромните врнежи на дожд.

Најмалку 176 реки се излеале од своите корита. Многу од супербрзите возови „шинкансен“ биле поплавени во депоата, а водата досегнувала до прозорците. Меѓу загинатите се и седум членови на екипажот на товарен брод, што потонал во Токискиот залив во саботата вечерта.

Во централните и северните делови на Јапонија невремето беше пропратено со обилни дождови и силен ветар.

До утрово околу 34.000 домаќинства се сè уште без струја.

meta.mk