До сега 32 лица се повредени денеска на Тајван, каде има силен ветар и поројни дождови, кои ги донесе тајфунот „Меги“, и предизвика лизгање на земјиштето и корнење на дрвја, соопшти тајванскиот Центар за вонредни ситуации.
Без електрична енергија останале повеќе од 950.000 семејства, а поради бурата затворени се тајванските берзи.
Прекинат е и автобускиот и железничкиот сообраќај во Тајпеј, а повеќе стотици меѓународни летови се откажани.
Повеќе од 5.000 луѓе се евакуирани откако тајфунот, со брзина на ветрови од 162 километра на час, се приближи денеска до островот.