Талески денеска треба да биде донесен на распит во СЈО

Сподели

taleski-2

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, денеска во 12 часот треба да биде донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство, потврдија за Мета од СЈО.

„Имаме информација дека денеска ќе го донесат“, велат од СЈО.

Талески, како што информираа за „Мета“ од СЈО, на распит требало да биде донесен вчера, но поради наводно доцнење на судскиот налог во битолската полиција за спровод на осомничениот градоначалник од неговиот дом, каде издржува куќен притвор, до просториите на СЈО во Скопје, тој не се појави.

Инаку, на Талески утре му истекува куќниот притвор, а засега од СЈО не можат да кажат дали ќе побараат негово продолжување.

– Ние сакавме прво да го сослушаме осомничениот, односно прво да даде исказ, па потоа да се произнесеме пред судот за продолжување на притворот, бидејќи во меѓувреме можеби имало промени во околностите и во ситуацијата. Но, до 21 јули ние секако ќе излеземе со наш став околу продолжувањето на мерката – ни изјави вчера портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.