Тамара на својот ФБ профил се огласи после враќањето од Израел со порака:
“Драги мои, еве ме. Сеуште сум под импресии од она што ни се случи минатата недела. Немам зборови да ви опишам колку сум ви благодарна за љубовта, позитивната енергија и убавите зборови! Ве сакам бескрајно!
Она што се случуваше изминатите две недели во Тел Авив и нашиот успех таму е резултат на неколкумесечна макотрпна работа, многу посветеност но и неверојатна верба на целиот тим во успехот на нашиот проект.
Нашиот успех во Тел Авив уште еднаш ми покажа дека ако се опкружиш со вистинските луѓе, апсолутно се е возможно во животот.
Дозволете ми јавно да се заблагодарам на сите што ме направија неверојатно горда но и подобра личност!
Најголема благодарност упатувам до МТВ, особено до Meri Popova и Aneta Andonova. Ви благодарам што ми дадовте шанса и го направивте мојот детски сон моја реалност!
Robert Bilbilov, со мене си од самиот старт и бескрајно сум ти благодарна за сите животни лекции. Без тебе #PROUD никогаш немаше да се случи!
Дарко Димитров и Лазар Цветковски ви се поклонувам за вашиот придонес и неверојатната енергија што ја вложивте да ја создадеме оваа песна.
Сања и Коста, ви благодарам за неверојатниот текст од кој и ден денес се ежам! Не знаете колку многу ве сакам!
Александра, Васил и Антонија, вие бевте најдобрите придружни вокали на Евровизија и мои ангели чувари! Ви благодарам!
Tine Matulessy & Mary Frosman Ryberger – thank you for guidance and for fighting for us and creating our amazing fairy tale on stage!
Alexandar Noshpal ти благодарам за волшебната креација и за твојот вонсериски талент!
Armend Ramadani, не само што ме направи да изгледам најубаво на свет туку без твојата енергија ова патување немаше да биде тоа што е! NEEEEXT! 🙂
Bojan Stoilkovski ти благодарам што направи дел од фотографиите за настапот. Донесе магија што не може да се опише со зборови!
Чедо, ти благодарам за спотот во кој ги славиме неверојатните жени од нашата земја! Со тебе започна оваа прекрасна приказна и вечно сум ти благодарна!
Голема благодарност и до сите жени, сите хероини што се појавија во спотот! Се гордеам со вашата решителност, со вашата храброст и со тоа што го живеете животот според вашите правила! Гордост сте ми!
Би сакала да се заблагодарам и на моите спонзори за нивната несебична помош. Fashion Group Macedonia, Next Door Park Hotel, Rebecca Macedonia, Gulf, Silhouette и Holiday Inn – ви благодарам што го направивте ова прекрасно патување многу полесно и за мене и за мојот тим.
Најголема благодарност до моето семејство за тоа што верувавте во мене и тогаш кога и самата не верував во себе! Ова е наш заеднички успех. Ве сакам!
И за крај, од срце ви се заблагодарувам вам – македонската публика. Без вашата љубов, поддршка и позитивна енергија, никогаш немаше да го постигнам овој успех! Се надевам дека ве направив горди!
Ве сакам и секој мој успех е наш заеднички успех!
Т.”
ФБ статус, Тамара Тодевска