Таравари: Доколку има неправилности во третманот на новороденчињата, веднаш следуваат соодветни законски мерки

Сподели

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари утрово оствари работна средба со директорката на Клиниката за гинекологија и акуштерство, д-р Викторија Јовановска, со цел детално да се разгледа случајот со трите починати новороденчиња.

Министерот во текот на денот ќе оствари средба со родителите на починатите новороденчиња како и со целокупниот персонал кој бил задолжен за грижа и нега на новороденчињата. Напоменуваме дека доколку извештајот од комисиите констатира неправилности во третманот на новороденчињата, веднаш ќе бидат преземени соодветни, законски мерки.

Министерството за здравство посебно ќе се насочи кон унапредување на условите за третман, посебно на предвремено родените новороденчиња, вложувајќи во најсовремена опрема и стручна надградба на персоналост.