Таравари им ги подели првите дипломи на лицата со посебни потреби

Сподели

 

Во текот на денешниот ден во Мултифункционалниот општински центар беа доделени првите дипломи на лица со посебни потреби и невработени лица кои присуствуваа на обуката од областа на гастрономијата.

Дипломите што ги издава Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука ги сподели градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, кој рече дека покрај сертификатите, лицата со различни вештини веќе се подготвени за пазарот на трудот.

 

„Овој е заедничкио проект меѓу општина Гостивар и УНДП, кој имаше за цел да ги обучи лицата со посебни потреби. Овие лица кои денеска добија сертификати се веќе квалификувани луѓе и можат самостојно да се ангажираат и работат“, рече градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Потсетуваме дека проектот опфаќа обука од областа на угостителството, кујна за производство на храна и локации за здрава храна во основните и средните училишта од Гостивар, додека првата обука опфати подготовка на слатки.

Инаку, проектот е финансиран од УНДП во соработка со општина Гостивар и е посветен на лицата со основно образование и лицата со посебни потреби и опфаќа вкупно 280 часа пракса.