Таравари формира работна група за креирање на локалниот акциски план за лица со посебни потреби

Сподели

 

На Светскиот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари го потпиша Решението со кој се формира Работна група за изработка на акционен план за лица со посебни потреби, составена од 6 члена.

 

Согласно решението кој стапи во сила, овој стратешки документ ќе го подобри квалитетот на животот на лицата со посебни потреби, додека новоформираната група е задолжена да изготви акциски план за лицата со посебни потреби кој ќе ги содржи потребите, решенијата, целите и приоритети така што локалната власт и организациите на лица со различни потреби ја унапредуваат положбата на лицата со посебни потреби во заедницата.

Исто така, ќе се воспостави специфичен систем за проценка на потребите кој ќе вклучува констатирање и мислење со проценка на специфичните потреби на лицата со посебни потреби, мислење и проценка на статусот на попреченост како и пристап во согласност со правилото 5 од Стандардните правила на ОН за изедначување на можностите за лицата со посебни потреби.

Работната група ќе ја усогласи и фактичката состојба на територијата на општина Гостивар со пристапност за лицата со посебни потреби, внимавајќи на вертикалната и хоризонталната сигнализација на пешачките патеки, тротоарите и паркинг местата за лица со посебни потреби, ниските тротоари со раскрсници и премини за пешаци, звучна сигнализација на семафорите и пристапност на институциите кои работат на територијата на општина Гостивар за лица со посебни потреби.

Групата ја сочинуваат координаторот Африм Иљази и членовите Бујар Алиу, Јетмир Алиу, Маргерита Милошеска, Самир Грбле и Џеват Фејзули.