Таравари на Конгрсот на АА: Направивме револуција – Без оружје ја добивме војната

Сподели

“Пред да почнам и да кажам неколку зборови повеќе, сакам уште еднаш да ве потсетам: Сите заедно успеавме, на 8 мај успеавме, соборивме 22-годишен Режим! Ја остваривме промената, нормално со голем број пријатели! Сите треба да се гордееме со оваа Промена, која на почетокот започна на тежок ден, и сигурно ќе биде така бидејќи промените не се лесни”, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на 5-от вонреден конгрес на Алијансата за Албанците..

“Кога избравме да ги одбиеме интересните и тешко одоливте понуди кои секојдневно доаѓаа од различни емисари во Гостивар, тоа беше лесна одлука бидејќи иако некои луѓе ни се спротивставија, знаев дека ја носиме вистинската одлука! Во Македонија која секој ден сè повеќе тнееше и страдаше, требаше да бидеш слеп за да не бараш Промена!

Поминаа само неколку месеци откако се случи, иако човечкото суштество има тенденција брзо да заборави, сакам да ве замолам денес да не заборавите! Бидете горди на себе, што поразивме режим, не заборавајте дека никој од нас не е поважен од принципите кои го одржуваат во живот еден народ. Запомнете дека наша голема заслуга е што во оваа немирна Европа, каде што војната во Украина одзема животи на деца, успеавме тој режим да го однесеме во историјата без крв и загуба на животи.

Ние направивме револуција, а велат дека непосредните промени како што се револуциите, не се прават без насилство, но еве нè, верувавме во правда и мир, успеавме да го направиме невозможното: Без оружје ја добивме војната! Некои веруваа дека Алијансата за Албанците ќе се подели на два дела, но такви останаа само неколку десетици… да не кажам само двајца…

Со задоволство можам да ви кажам дека се шириме од Липково  до Америка, Швајцарија, Австрија, Франција и Данска, каде со одлука на Претседателството на партијата сега назначивме наши претставници: г. Адем Незирин, г. Изби Винца, г. Џемази Руштин, г. Луто Рахмани, г-дин Лулзим Алили и г. Махи Хисмани. Луѓето се чувствуваат ентузијастички, полни се со енергија, мотивација и желба, сите се чувствуваат сојузници на Алијансата! Секој од вас влезе во историјата како човек кој ја донесе Промената! Нашата партија е без сомнение партија со големи каузи!

Од скоро не сме на власт, без разлика што опозицијата плаче и не работи, изгледа како да сме 3-4 века… како и да е, драгиот Абрахам Линколн, американски претседател, кој според мене ги направи најважните промени во историјата на Америка, би рекол: Сите луѓе можат да ги издржат промените, но дајте им власт ако сакате да го тестирате нивниот карактер! Имаме власт…но ве замолувам дојдовме овде каде што сме, за да ставиме крај на злоупотребите, корупцијата и изнудувањето на народот!

Запомнете дека ние сме линијата која претендира и го застапува патот на Арбен Џафери, ние сме генерацијата на Промени, ние сме легитимните претставници на народот! Ние сме најдостоинствената партија во државата! Ние сме меѓу најголемите албански партии! Не заборавајте дека имаме власт со која мора да направиме држава!

Апел до партиските функционери, главни столбови на оваа партија се нашето членство на чело со претседателите на подограноците и ограноците, и тие треба да бидат главните ликови на партијата. Тие секојдневно водат политички битки на терен, затоа треба да бидат најпочитуваните луѓе во партијата.

Промената продолжува, но сега нашата кауза е потешка но уште поблагородна: Сите заедно мора да ја однесеме оваа земја Кон најдоброто!” – додаде Таравари.