Градоначалникот на Гостивар од Алијансата на Албанците, Арбен Таравари во емисијата „Отворено“ го оквалификува неуспехот на Собранието да го одземе пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, како класичен режиран филм.
– Режиран филм во кој секој обичен граѓанин ќе процени дека ДУИ имале притисок од ВМРО-ДПМНЕ за да го спасат Вељаноски. Чесно е премиерот директно и јавно да каже дека е направен политички договор. Очигледно беше дека ДУИ била приморана од ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат – изјави Таравари.