Тектонската појава „ДУВЛО“ во Косел е прогласена за природна реткост

Сподели

Уникатната тектонска појава на локалитетот „Дувло“ во атарот на с. Косел е прогласена за природна реткост согласно решението на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Локалитетот Дувло се наоѓа на одлеченост од 7 км северно од Охрид на десната страна од регионалниот пат Охрид Битола во с.Косел и е на надморска височина од 750 метри и површина од 0,49 хектари.

 Со оваа природна реткост стопанисува Општина Охрид , а со цел да се обезбеди нејзина заштита  од општинскиот буџет се издвоени еден милион денари.