Претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј, соопшти портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер. Тоа ќе биде негова прва средба со странски лидер во Белата куќа.
Состанокот на Трамп со Меј ќе биде одржан в петок на 27 јануари.
Меј денеска за „Би-би-си“ изјави дека со Трамп ќе разговараат за слободната трговија меѓу Велика Британија и САД и за значењето на НАТО. Таа изрази уверување дека американскиот претседател, иако неодамна изјави дека алијансата е „застарена и надмината работа“, ќе умее да ја препознае нејзината важност.
На 31 јануари американскиот претседател ќе има средба со мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието со кого ќе разговара за трговијата, имиграцијата и безбедноста, јавуваат американски медиуми.