ТЕСЛА доби 146,000 нарачки за својот “Cybertruck”

Сподели

Илон Маск беше во можност да го изненади светот, бидејќи малкумина некогаш можеа да замислат дека Тесла‘Cybertruckќе изгледа вака.

Првиот човек на Тесла го претстави долго најавуваниот електричен камион – Cybertruck, на церемонијата во Калифорнија пред 3 дена.

Како и да е, ниту концептот на ова возило од пред неколку години, ниту бројните шпекулации кои кружеа на Интернет во последните денови не беа во можност да предвидат за она што доаѓа.

Прво изненадување е несекојдневниот дизајн на камион .Неговата “чудна” форма e со целосно рамни површини и остри рабови, а поради меките линии што ги украсуваат другите модели на Tesla, се издвојува од сѐ што досега направи американскиот производител.

Cybertruck по дизајн повеќе потсетува на некое воено „летачко“ возило, или автомобил на иднината, како што се замислуваше во 1980-тите во холивудските филмови со фантазија. Но, Cybertruck не е фикција – туку реалност, производствен модел што ќе ги освои патиштата во 2021 година. Ова возило ќе биде најпрепознатливо во иднина, секако поради неговата големина и дизајн.

Tesla нуди три верзии на камионот:

  • единечен мотор на задните тркала со 250 милји опсег за 39.900 долари;
  • двоен мотор со погон на сите тркала со опсег од 300 милји за 49.900 долари;
  • три мотор со погон на сите тркала со опсег од 500 милји за 69.900 долари.

Илон Маск изјави дека два дена по промоцијата компанијата Тесла добила 146,000 нарачки за ова возило, а нарачателите ќе го чекаат најрано до 2021 година.