Пучистот Трајко Вељаноски го покажа грдото лице нарекувајќи го пратеникот Енес Ибрахим „прост“ и „некултурен“, со што отворено ги понижи сите припадници на турската заедница во Македонија.
„Ваквиот недоличен пристап и начин на комуникација веќе станува навика дури и во Собранието, а преку режимските инструменти тоа се рефлектира и врз секојдневието. Вељаноски може да се служи со таков речник само со своите деца. А воедно бараме пучистот Вељаноски под итно да му се извини на господинот Ибрахим и целокупната турска заедница. ТХП го потсетува режимот дека завршија деновите кога Турците беа влечени за уши. Доаѓа живот за сите во Македонија“, реагира Партијата за движење на Турците (ТХП).