Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека тим од МВР веќе се упатиле кон Бугарија, за да помогнат во истрагата за несреќата.
Дозволете ми во овие тешки моменти на тага и болка за целата држава да изразам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, споделувајќи ја тежината на ненадоместливата загуба. Нека им е вечна слава, нека почиваат во мир…
Иако е тешко да се најдат зборови на утеха, во овие траорни мигови, сакам да порачам како пријател, како човек, дека не сте и никогаш нема да бидете сами, независно на ужаснатa тежина на моментот.
По телефонскиот разговор со мојот бугарски колега Рашков, тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења ,веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги. Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби.
Нашите мисли и молитви се и со повредените. Од срце посакувам нивно брзо закрепнување и што поскоро враќање во нивните домови“, напиша министерот Оливер Спасовски на ФБ.