Тимоние: Да не бидеме заложници на логиката дека на С.Македонија треба да ѝ се даде датумот како подарок

Сподели

 

Тимоние вели дека Франција сè уште не донела одлука дали ќе даде зелено светло за доделување датум на Македонија и порачува дека „функционирањето на правосудството не е на соодветно ниво и сè уште не е ослободено од канџите на политиката“, како и дека „ветингот“ не треба да се прави само за да се отстранат политички неподобните од правосудниот систем. Тимоние вели дека не треба да бидеме „заложници на логиката дека на Северна Македонија треба да ѝ се даде датумот како подарок, само затоа што чекаше долго пред вратите на ЕУ“.

Северна Македонија постигна напредок во однос на барањето на ЕУ за добрососедските односи, го смени уставот и името, донесе закони од областа на правдата…

– Важно е законите да не остануваат само на хартија, туку и да се спроведуваат. Во однос на надворешната политика, претседателот Макрон го поздрави за прв пат во нашата историја, преку видео порака, донесувањето на Договорот од Преспа, за да покаже дека ние високо го цениме она што го направи Северна Македонија, што има сериозно значење. Како и да е, не треба да гледаме само кон Преспа, туку она што влијае на одредувањето на датумот е функционалноста на вашиот систем, во кој припаѓаат институциите, се усвојуваат законите, во вашата способност да спроведувате реформи.

Идејата што преовладува кај јавното мислење е дека патот по кој се движи Македонија треба да биде успешен и брз, но нашата идеја е да се најде ефикасен и реален пат, по кој може да оди Македонија. Со оглед на претходните искуства со земјите-членки, можеме да кажеме дека членството на некои земји би можело да биде поефикасно. Ниту преговорите ниту нивното членство во ЕУ не придонесе да се променат многу нешта во овие земји. Ова е затоа што, и покрај реформите, нивниот систем останува блокиран од политичките партии, како и од десетина семејства кои го држат економскиот систем како заложник во земјата. Не сакаме да прифатиме повеќе такви земји во ЕУ.

Затоа, за интеграцијата на вашата земја да биде реална, ефикасна и ефективна и законите да не останат само на хартија, ние мора сериозно да ги процениме достигнувањата во врска со датумот за отпочнување на преговорите.

Ако во Северна Македонија се усвоеше сериозен закон за спречување на корупцијата, ќе бевме убедени уште летото да го дадеме датумот. Постојат недостатоци, можеше да биде подобро.

Интервјуто на амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, за Порталб, во целост проследете го на следниот линк