-“Процесот на ревизија на ЕУ постои и доколку се дадат позитивни точки до месец мај и од ваша и од наша страна, мислам дека ќе добиеме добри вести. Овој собраниски состав би требало да го заврши својот законодавен циклус со усвојувањето на закон што ќе спречи секаков вид насилство врз жените. Потоа останува на големите политички партии да се договорат за начинот на организирањето на изборите, и да се договорат за поуспешна борба против корупцијата и за поеднакво судство кое успешно ќе се справува со корупцијата” – изјави денеска во Собранието францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Изјави, кристијан Тимоние