Тлото во трусната област во Италија потонало 70 сантиметри

Сподели

 

italija

Нивото на земјата во Италија во регионот погоден од неодамнешните земјотреси е намалено за 70 сантиметри, јавуваат неколку светски медиуми, повикувајќи се на извори од италијанскиот Национален институт за геофизика и за вулканологија. Специјалисти од италијанскиот институт ги анализираат првите сателитски снимки по земјотресот и велат дека според нив, забележлив е пад на брегот во реонот на Кастелучо, гратче во Централна Италија.

Претходно беше соопштено дека под влијание на тектонските поместувања и земјотреси во периодот од 24 август до 26 септември во Централна Италија, височината на Апенините била намалена за 40 сантиметри. Последниот силен земјотрес во Италија беше на 30 октомври, со магнитуда од 6,6 степени според Рихтеровата скала.

meta.mk