Фудбалерот на Реал Мадрид и белгиски репрезентативец Еден Азар би можел да ја продолжи кариерата во турски Галатасарај, пренесуваат шпанските медиуми.
Азар (31) пристигна во Реал во 2019 година од Челзи во трансфер вреден 115 милиони евра. Но, поради честите повреди и вишокот килограми го загуби местото во стартниот состав на мадридскиот клуб.
Белгискиот напаѓач одигра 67 натпревари откако дојде во Реал и постигна само 6 гола. Сезонава одигра само 32 минути во победата на мадридскиот клуб против Алмерија (2:1).
Белгискиот интернационалец има договор со Реал до јуни следната година.
The post Тој е најголемото промашување на Реал Мадрид – Го платија 115 милиони евра, а сега сакаат да се откачат од него! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico