Торнадо во Чешка остави пустош (ВИДЕО)

Сподели

 

Торнадото од категоријата Ф3 кое зафати повеќе села во Јужна Моравија околу Бжецлав и Ходоњин, остави пустош, откорнати и пропаднати покриви, оштетени куќи, паднати дрвја, превртени автобуси и запреа сите возови и сообраќајот до границата со Словачка.

Локалните служби за итни случаи ги предупредија граѓаните да не излегуваат надвор или на улица и ја опишаа ситуацијата како „оштетени куќи, пожари, сообраќајни несреќи, дрвја врз автомобили и куќи“.

Околу 121.000 домаќинства останаа без електрична енергија како резултат на невремето, рекоа властите.

Досега е потврдена смртта на три лица, а повеќе од 200 се повредени.

Во спасувањето учествуваат екипи од Чешка, Словачка и Австрија.

 

https://twitter.com/i/status/1408133881593741312