Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп го избра милионерот Стивен Мнучин за секретар за финансии во новата администрација.
Мнучин 17 години беше партнер во банката „Голдман Сакс“, а во 2002 година основа сопствен фонд и беше главен финансиер на претседателската кампања на Трамп.
Трамп исто така го именуваше и милионерот Вилбур Рос, познат по спасување пропаднати компании за секретар за трговија, додека жестокиот критичар на здравствената политика на Барак Обама и основал на консалтинг компанија за здравствена политика, Сим Верм го назначи за шеф на Центарот за здравствена нега и сервис за болнички услуги.
Трамп во својата администрација бира луѓе кои се верни на неговата политика, но се уште нема избрано кој ќе виде државен секретар.