Трамп официјално го именуваше Рекс Тилерсон за нов државен секретар на САД

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално го именуваше Рекс Тилерсон за нов државен секретар на САД.

Тилерсон е милијардер и извршен директор на нафтениот гигант „Ексон мобајл“.

Советничката на Трамп, Келијан Конвеј, вчера изјави дека Тилерсон е примамлив како кандидат бидејќи склучувал деловни договори со Русија, а исто така имал долгорочни односи со руските државници.

meta.mk