Трамп утре потпишува нова уредба за визи

Сподели

Американскиот претседател, Доналд Трамп, утре ќе потпише нова уредба за визи, а според медиумите, таа нема да влијае на лицата кои имаат визи за постојан престој (Green Card – Зелена карта) ниту, пак, на оние кои имаат уредна американска виза, јавува Anadolu Agency(AA).

Според Волстрит Журнал, повикувајќи се на извор близок до Трамп, новата регулатива нема да се однесува на веќе издадени или постоечки визи, туку на апликациите за виза во наредниот период.

Трамп веднаш по преземањето на функцијата потпиша претседателски декрет со кој на 30 дена е суспендиран влезот на мигрантите од т.н. „земји поврзани со тероризмот“, а меѓу нив се Ирак, Либија, Сирија, Иран, Судан, Сомалија и Јемен.

Федералниот судија Џејмс Робарт од Сиетл ја блокираше одлуката на новиот американски претседател, и Федералниот апелационен суд одби да ја врати во сила одлуката на американскиот претседател Трамп.

Медиумите наведуваат дека Трамп не сака повторно да се сретне со истата ситуација, и на новата уредба за визи работи со широк тим на правници.

Се очекува дека, како и во претходната уредба, повторно цел да бидат жителите од седумте „спорни“ земји. Очекувањата се, исто така, во новата уредба да се укине предноста за мигрантите христијани.

Бегалците од Сирија во процес на добивање на американска виза, според новата регулатива, треба да се третираат како бегалци од која било друга земја.

Anadolu Agency