Трансплантирана вештачка кожа со влакна и потни жлезди

Сподели

 

Јапонските научници успешно и трансплантирале на глувците лабораториски одгледана кожа која повеќе од било која друга овозможува раст на влакната.

Стручњаците од Кобе од матичните клетки на глувците успеале да произведат кожа со повеќе слоеви, вклучувајќи и фоликули на влакната и потните жлезди.

 

Кога ја пресадиле на „гол“ глушец со супримиран имунолошки систем, кожата успешно сраснала и од неа почнале да раснат влакна.

Научниците проценуваат дека за трансплантација на кожа кај луѓето ќе бидат потребни пет до 10 години.

Но, се надеваат дека нивното откритие ќе доведе до совршено функционална кожа која би се добивала од човечките клетки на луѓето кои претрпеле изгореници и која би можела повторно да им се пресади.

Тоа би претставувало голем чекор напред во однос на постоечките методи преку кои се добива кожа со многу малку биолошки компоненти и функции на кои луѓето навикнале.Покрај тоа, би можеле да се произведуваат и примероци на човечка кожа кои козметичката индустрија би ги користела за тестирање на своите производи, наместо тоа да го прави врз животни, наведува ББЦ.