Три, два, еден, старт – Во недела ќе се трча Авицена Женска трка

Сподели

 

Деветта година по ред Сојузот на Спортови на Скопје, во недела, на 5.септември, ќе ја одржи Авицена Женска трка, под покровителство на Град Скопје.

Трката ќе биде организирана според сите протоколи и препораки одредени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Стартните пакети за трката учесничките ќе можат лично да ги подигнат во петок и сабота, на 3-ти и 4-ти септември, во период од 12:00 до 19:00 часот пред А1 куглана во СЦ „Борис Трајковски“. Согласно новите препораки и правила, учесничките над 18 години, при подигнувањето на стартните пакети задолжително ќе мора да покажат сертификат – потврда за извршена имунизација или примена барем една доза вакцина или потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена.

Стартот и целта на трката ќе бидат во Градски парк, на крајот на вториот дел, позади бараките на ЈП „Паркови и зеленило“, во близина на памп трак полигонот, а трката ќе започне во 9:00 часот.

Учесничките ќе трчаат 3 километри, со што по завршувањето на трката ќе се прогласат најдобрите натпреварувачки во 7 возрасни категории. По прогласувањето ќе се одржи лотарија со извлекување на најсреќните стартни броеви од сите учеснички и истите ќе бидат наградени со подароци обезбедни од партнерите на трката.

Во текот на целиот настан задолжително ќе биде одржување дистанца од 1,5 метри, носење маска пред и по завршувањето на трката, како и постојана дезинфекција на рацете. Правилата за заштита од корона вирусот се задолжителни при подигањето на стартните патеки, пред стартот на трката и по завршување на трката.

Сојузот на Спортови на Скопје и Град Скопје повикуваат учесниците и присутните максимално да ги почитуваат протоколите и правилата, како и да уживаат во деветтата Авицена Женска трка.