Од Кабинетот на Трифун Костовски бараат извинување од Миленко Неделковски поради излагање на Јутјуб каналот, на ден 3 ноември, 2023 година.
“До Миленко Неделковски
Во врска со вашето излагање на вашиот ЈуТјуб канал “Миленко за Трифун Костовски”, на ден 03.11.2023, барам во рок од 3 дена, официјално да се извините за искажаните лаги, токму на истиот канал.
Во спротивно ќе се соочите со кривична пријава за навреда и клевета согласно важечките законски прописи”, се наведува во објавата од Кабинетот на Трифун Костовски.