Трошоците на Макрон за шминка изнесуваат 26.000 евра за три месеци поминати како претседател

Сподели

Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Maкрон, ги потврди медиумските извештаи дека Maкрон потрошил 26.000 евра за шминка, за три месеци поминати како претседател, истовремено истакнувајќи дека се обидуваат да најдат решение со кое би ги намалиле овие трошоци, јавува Anadolu Agency (AA).

Извештајот објавен од страна на списанието „Le Point“ (Ле Поинт) предизвика критики на социјалните мрежи на сметка на претседателот на Франција. Според извештајот, трошоците вклучувале плаќање на експерти за шминка за време на телевизиските настапи и на патувањата во странство.

Кабинетот на претседателот денес ја потврди веродостојноста на медиумските тврдења. Сепак, овој извештај доаѓа во лошо време за Макрон, кога анкетите покажуваат пад во неговата популарност поради најавата за намалување на буџетот и реформите на трудовото законодавство.

„Le Point“ објави дека трошоците на Maкрон се помалку од оние што ги имаше неговиот претходник, Франсоа Оланд, кој имаше вработен со плата од 10.000 евра месечно.