Царовска: Јанкуловска воопшто да не се вознемирува, таа како и сите граѓани ќе биде третирана по закон

Сподели

-“Гордана Јанкуловска нема причина воопшто да се вознемирува затоа што таа, како и сите граѓани ќе биде третирана по закон”, одговори министерката Мила Царовска на писмото на Јанкуловска упатено до неа и до новата министерка за правда Рената Дескоска за повреда на нејзините права во судењето за предмет на СЈО во кој таа е обвинета.

“-Во однос на она што го поставува во писмото, а се однесува на судските пракси одлуки и процедури, тоа не е во моја надлежност”, рече Царовска.

Царовска додаде дека доколку има некаков проблем кој е од ресорот со кој таа раководи би помогнала без никаков проблем, но, рече, такво нешто засега нема.