Царовска: Преку јакнење на економско-социјалниот дијалог на локaлно ниво до ефикасни мерки за врaботување

Сподели

 

Министерката за труд и социјална политика  Мила Царовска, денеска присуствуваше на отворањето на дводневната работилница  „Кон систем за предвидување на потребни вештини во Северна Македонија“. Целта на работилницата е зајакнување на социјалниот дијалог  преку кој се создаваат повеќе и подобри работни места. Работилницата којашто се одржува во Скопје ја спроведува Меѓународната организација на трудот во соработка со Европската Комисија и Европската фондација за обуки.

 

 

„Социјалниот дијалог во усогласувањето на понудата и побарувачката на пазарот на труд е многу важен , бидејќи само преку овој дијалог може да се детектираат потребите од некое занимање и да се создаваат повеќе и подобри работни места. Усогласувањето сега го правиме преку дуалното образование, но и преку Оперативниот план со мерки за вработување. Според мене е многу значајно што истовремено годинава ќе работиме на јакнење на економско социјалните совети на локлано ниво, бидејќи сметам дека најдобри мерки за обезбедување работна сила, но и за вработување на невработените се креираат кога дијалогот ќе се спушти на одредена општина или регион“, рече Царовска.

Општата цел на оваа активност е развој на механизам за подобрување на меѓу-институционалната координација која е неопходна за воспоставување ефективен и сеопфатен систем за предвидување на потребните вештини во Северна Македонија. На работилницата учествуваат и Алесандра Молц, специјалистка на МОТ за вештини и Кристина Мереута, специјалистка на ЕТФ за пазарот на трудот.