„Циклус 19 II“ Изложба на Христина Зафировска во Њујорк

Сподели

 

Во Галеријата MC во Њујорк отворена е ликовната изложба „Циклус 19 II“ на академската уметница Христина Зафировска.

Христина Зафировска, преку своите дела, на апстрактен и сликовит начин ги прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата.

Зафировска досега реализирала повеќе индивидуални проекти, кои се презентирани во Германија, Франција, Бугарија, Турција и во повеќето градови во земјава.

Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура, а во соработка со македонскиот Културно-информативен центар во Њујорк.