-“Ќе бидам првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје.
Сакам да ве уверам дека што се однесува на владата којашто имам чест да ја водам, решени сме Грција да продолжи да гради врз она што го постигнавме со Договорот од Преспа. Затоа, сакам да ви откријам, многу бргу ќе бидам првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје, придружуван од бизнис-делегација. И дополнително ќе пристапиме кон основачки состанок на високиот совет за соработка на Грција и Северна Македонија, со цел да ги истражиме начините за продлабочување на нашата соработка за низа области од заеднички интерес“, рече грчкиот премиер и ги спомена економијата, туризмот, енергетиката, културата, воената и полициска соработка “, изјави Алексис Ципрас на Економскиот форум во Делфи, Грција.