ЦИВИЛ: Kреативна работилница „Заеднички против насилството“ во Велес

Сподели

 

ЦИВИЛ организира креативна работилница  „Заеднички против насилството“ во ОУД „Лазар Лазаревски“, Велес, утре, 21 мај, со почеток во 12 часот, како дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“.

Работилницата е дел од заедничките заложби на ЦИВИЛ, основните и средни училишта од Велес, локална самоуправа  и полицијата за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација на локално ниво против насилниот екстремизам.

На работилница се предвидува учество на околу 20 деца од повеќе средни и основни училишта во Велес што заеднички ќе сликаат на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање.

Работилницата ќе биде проследена со видео проекции, музика, доделување симболични награди за учесниците на работилницата, како и благодарници до учесниците во проектот од Велес.

Свои обраќања ќе имаат и претставник на Општина Велес, како и претставници на ЦИВИЛ и СВР Велес, во завршниот дел од работилницата по 14 часот.

ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.