„Цивил“: Засилена активност на партиски активисти и нарушување на изборниот молк

Сподели

Тимовите на невладината организација „Цивил“, кои ги мониторираат изборите, денеска забележале засилена активност на партиските активисти во општините, каде што утре треба да се гласа во вториот круг на локалните избори, се вели во нивното соопштение.

„Изборниот молк се крши во текот на ноќта и во текот на предизборниот молк. „Цивил“ доби неколку извештаи од изборните набљудувачи и едно аудио-сведоштво за изборен поткуп во Штип. Социјалните мрежи се вистински воени зони. Се користи говор на омраза кон политичките противници, но забележливо е што се користат стравот, омразата и поделбите. Етничката и верската омраза, хомофобијата и ксенофобијата се основни алатки на дел од политичките субјекти кои се во изборната трка, како на теренот, така и онлајн“, се вели во соопштението на „Цивил“.

Во пресрет на изборниот ден утре, „Цивил“ апелира до избирачките одбори во општините да ги извршуваат своите задачи совесно и професионално.

„Бараме од избирачките одбори да бидат кооперативни со нашите набљудувачи и да не се обидуваат да ја опструираат нивната работа“ се додава во соопштението.