Цивил: Злоупотреба на социјалната правда за изборни цели

Сподели

CIVIL logo FOR BLOG

Соопштение на Цивил – центар за слобода:

ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува пилот-проектот „Ветувања и злоупотреби“, кој се занимава со злоупотребата на социјалната правда за политички и изборни цели.

Целта на проектот е да придонесе кон зајакнување на јавната свест за злоупотребите во доменот на социјалната темите во изборен контекст, како и превенција од манипулативните практики на политичките центри на моќ. Проектот се спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел – канцеларија во Сараево.

 Тимот на ЦИВИЛ направи видео интервјуа со претставници на политички партии, експерти, граѓански организации и синдикати. Истовремено, тимот на ЦИВИЛ Медиа и мониторинг тимовите продолжуваат да истражуваат и да објавуваат медиумски содржини кои се однесуваат на изборните злоупотреби.

Видео интервјуата и нивните транскрипти на македонски, албански и англиски ќе бидат објавени на онлајн каналите на ЦИВИЛ и ќе бидат слободни за преземање, објавување и користење (Creative Commons 4.0).

ЦИВИЛ ќе организира конференција на која ќе презентира анализа заснована на наодите на мониторинг тимовите и на ставовите на интервјуираните. Поканети ќе бидат учесниците во проектот, синдикатите, партиите, граѓанските организации и пошироката јавност. Конференцијата ќе се одржи на почетокот на идната недела.