Денеска попладне ќе се одржи седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која треба формално да се потврдат претходните одлуки на Извршниот комитет, прифаќање на оставката на Никола Груевски од лидерската позиција и одлуката за вонреден конгрес на 23 декември во Валандово.
Се очекува Груевски да ја образложи оставката пред членовите на Централниот комитет, која ја најави во интервју на 1 декември. Доколку оставката ја прифатат 130 членови на Централниот комитет, во тој случај извесен е вонредниот конгрес, на 23 декември.