ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Вонреден конгрес на 22. и 23. декември

Сподели

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлучи 16. вонреден конгрес на партијата да се одржи на 22. и 23. декември во Валандово, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Тој пред партиското седиште по седницата на партиското тело, накратко рече дека донеле одлука на конгресот да има 544 делегати и дека списокот ќе биде објавен вечерва на интернет страницата на партијата. Мицковски не даде повеќе детали за текот на седницата на Централниот комитет, пренесе РСЕ.

Пред состанокот, пратеникот Антонијо Милошовски, пак, рече дека оставката на Груевски ќе биде прифатена, бидејќи тој ја најавил како неотповиклива. Милошоски, чие име се споменува како можен кандидат за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе види дали ќе поднесе кандидатура и дека имало време.

Генералниот секретар Мицковски, кој исто така се смета за еден од можните кандидати, пред состанокот рече дека не е исклучена можноста тој да седне на претседателското столче.

“Кој било да застане на чело на партијата јас сум сигурен и убеден дека тој во иднина ќе го порази Зоран Заев и ќе ја предводи македонската влада”, рече Мицковски