Силен пожар утрово го зафати ’Ртот Весло во општината Тиват, од кадешто се евакуирани околу 300 луѓе
Силен пожар утрово го зафати ’Ртот Весло во општината Тиват, од кадешто се евакуирани околу 300 луѓе. Огнот се шири и на други локации во оваа општина, а гасењето на огнената стихија е отежнато од ветерот, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од Противпожарната служба Тиват, противпожаните екипи заедно со екипите на Управата за поморска безбедност, војската на Црна Гора и компанијата „Бока пилот“ од Бијела, утрово меѓу пет и осум часот извршиле комплетна евакуација на целата крајбрежна област ’Рт Весло.
Во текот на претходната ноќ, во областа на Подгорица се забележани 33 пожари, воглавно во селските и ридските подрачја. Пожарите не ги загрозиле жителите и објектите во овие подрачја.