На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 16.956.072 денари или 275.708 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 9.348.000 денари или 152.000 евра.
Во текот на изминатите пет дена, тимовите на Црвениот крст дистрибуирале:
- 11.081 пакети со храна (еден пакет е за 4 лица)
- 3.127 литри млеко
- 3.930 литри јогурт
- 1.039 пакети со хигиена
- 82,5 тони вода
- 350 пелени
- 424 душеци
- 1.240 кебиња
- 598 килограми облека
- 226 парчиња чизми
- 240 литри дезинтал
Црвениот крст апелира да се донираат конзервирана и бебешка храна, пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи.