Црвен крст на Македонија одбележува 74 години од постоењето

Сподели

Денеска се одбележува 74 години од постоењето и 24 години од полноправното членство на Црвениот крст на Република Македонија во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

По тој повод ќе се одржи јавен настан во Градскиот парк – Скопје, каде ќе биде поставен промотивнен штанд со материјали поврзани со крводарителство и историјатот на Црвен крст, а најавено е присуство на волонтерите помеѓу граѓаните кои ќе информираат за крводарувањето и за Црвениот крст.

На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе присуствува и медицински персонал од Институтот за Трансфузиона медицина на РМ (ИТМ). Тие ќе одредуваат крвна група на случајните минувачи кои ќе пријдат до штандот. Спроведен ќе биде и мал прашалник поврзан со крводарителство со симболични награди за оние кои ќе бидат најуспешни.