Црвениот крст одржа обуки по прва помош за нови предавачи

Сподели

 

На 27 и 28 мај, Црвениот крст одржа обука по прва помош за нови предавачи и демонстратори за наставната програма за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила, за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода.
 
За време на обуката кандидатите земаа активно учество во практичниот дел од обуката, истовремено покажаа голем интерес и знаење што доведе до успешно спроведување на наставата.
 
Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да создаде нови кадри на квалитетни предавачи и демонстратори кои на правилен и соодветен начин ќе го пренесат своето знаење од областа на прва помош на кандидатите за возачи на моторни возила.