Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население во Бејрут.
Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: „Помош за настраданото население во Либан“, како и да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400.
Оттаму посочуваат дека средствата можат да се донираат од 7 август до 20 август 2020 година и тие ќе бидат префрлени на Црвениот крст Либан за настраданото население во Бејрут.
Воедно, Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.
.