ЦУК: Создавање туристички атрактивна дестинација на Шар Планина

Сподели

 

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, со свое излагање на можностите на 112 и ЦУК, учествуваше на специјализирана „Обука за управување со ризици и стандардни оперативни процедури“, што се одржа на Шар Планина.
 
Ангелов се осврна за можностите што ги нуди 112 за барање и спасување, прва помош, транспорт на жртви, а и за новитети на овој простор, согласно стандардните оперативни процедури во Системнот за управување со кризи. Покрај него со свои излагања зедоа учество и организаторот Костантин Циривири од Центарот за образование и научно истражување, Планинска Академија под раководство и директорот Ибрахим Дехари на ЈУНП Шар Планина.
 
 
Обука е насочена кон стекнување вештини за водење туристи и менаџмент со „фри рајд“ операции, со ратрак (возило што се движи врз снег), со цел истата да се изведува на безбеден начин според највисоките стандарди, како и според најстрогите стандарди за зачувување на животната средина, со крајна цел создавање туристички атрактивна дестинација, а по принципот на „слободно движење“ во природата кога има снег. Инаку, „фри рајд“ со ратрак (возило што се движи врз снег) на ниво на Евроазија за првпат е развиен во Западен Балкан и е оценета оваа активност меѓу петте најдобри зимски авантури во светот.
 
 
 
 
Обуката ја изведува персонал на Центарот за образование и научно истражување, Планинска Академија под раководство на Костантин Циривири во неколку групи на операторот за „фри рајд“ скијање „Ескимо Спорт“ од Тетово, којашто започна во април 2022 година и се изведува неколку пати годишно во етапи од по една недела. Ова е завршна фаза од обуката со првата група во чиј што состав има врвни професионалци во скииспортовите и екстремните активности, меѓу кои и Ненад Пешут првиот и неколкукратен светски првак во „Бејзџампинг“ и хрватски репрезентативец во „Падобранско скијање“ со учество на неколку олимпијади, како и Санда Јелачиќ, од Хрватска „сноу борд„ репрезентативка. Целиот настан е поддржан и од Томислав Тишка, сопственик на компанијата „Ескимо Фрирајд“, којшто е и над 12 години директор и на Хрватскиот скијачки сојуз и натпреварувач во „сноуборд“ светски куп, а и иноватор – конкретно тој е пионер на „фри рајд“ скијањето во Европа и Азија.
 
Инаку, „Фри рајд“ со ратрак, на ниво на Евроазија за првпат е развиен во Западен Балкан. Европската јавност, скијачите и „“сноубордерите“ пред повеќе од 15 години за првпат во Европа се сретнаа со „фри рајд“ со ратрак на Шар Планина. За пионерскиот пробив на „Ескимо фри рајд“ пишуваа речиси сите поголеми европски печатени и специјализирани медиуми, како за нова активност којашто потекнува од Република Северна Македонија. Притоа, најголемите британски медиуми ја оценија оваа активност меѓу петте најдобри зимски авантури во светот.
 
По принципот на „слободно движење“ се отворија нови локации на подрачјето на Западен Балкан и тоа во Косово и Северна Македонија – во Брезовица под раководство на „Dane freeride“, на Пелистер под раководство на „SF freeride“ и во Ѓеравица под раководство на „Lynks freeride“ со што самата дестинација за оваа активност се стекна со зголемена вредност.
Само 10 години откако „Ескимо Фрирајд“ за првпат ја проби оваа активност на Шар Планина во Северна Македонија, познатиот „јапонски прав“ почна да се опслужува со ратраците, а Швајцарците го развија фрирајдот со ратраци во Грузија, по што следеа Италија, Шведска, Турција и други земји.
За земјите во развој е особено ретко и оттаму и е многу вредно кога создаваат нов квалитетен глобален производ, и затоа е многу важно да се зачува квалитетот и репутацијата во светски рамки и да се избегнат заканите кои можат да ја уништат предноста на самата дестинација.
„Фрирајдот“ со ратрак се смета за тешка туристичка авантура. Кога со него се управува соодветно тој е генератор со неспоредлива промотивна вредност и основа за развој на дестинацијата со многу поголемо економско влијание кај лесната туристичка авантура и масовниот туризам.
Во рамките на туризмот, тешката авантура ја работат микро-претприемачите, кои се од особена важност за почетните фази на развој на туризмот за одредена област и поради кои оваа област се издвојува како туристичка дестинација.
 
Во услови на исклучително динамичен пазар, иновативните активности во областа на авантуризмот претставуваат главен генератор на имиџ и привлечност за непознати и мали дестинации на светскиот пазар, како што е Западниот Балкан, кој поради својата планинска конфигурација може да прерасне во препознатлива туристичка дестинација. Меѓутоа, како и за секоја друга туристичка (и деловна) активност, неопходно е да се исполнат и задоволат меѓународните критериуми.
 
За натамошниот раст од големо значење е да се заштити пионерската работа во однос на инвестираното време, ресурси, идеи и интелектуална сопственост и да се зачуваат и мотивираат ваквите вредни процеси. Опортунистичките активности треба да се препознаат како најголема закана за горенаведените процеси и треба да се контролираат и сузбијат за да се продолжи со развојот.
 
Според дефинициите значењето е следно:
„Фри рајд“ со ратрак – скијање или сноубординг на природен снег обработен од ратраци опремени со патничка кабина, на мрежа од снежни патеки на која се поставени точки за качување и симнување.
Оператор за „фри рајд“ со ратрак – компанија која споредува фри рајд со ратрак и која работи на дефинирана територија.
Терен за „фри рајд“ со ратрак – планинска област со дефинирани граници каде што операторот управува со фри рајд со ратрак.
Точки за качување и симнување – организирани точки на патеките долж теренот за „фри рајд“ со ратрак, каде што операторите ги качуваат или симнуваат скијачите или „сноубордерите“
Безбедносен систем – Систем за управување со лавина, безбедност од лавина, SAR – систем за барање и спасување, прва помош, транспорт на жртви, стандардни оперативни процедури.
Агенти – компании кои нудат пакети за „фри рајд“ со ратрак.
Медиуми – дигитални, социјални, печатени, видео, ТВ, филмски медиуми, специјализирани или општи, кои ја покриваат темата на „фри рајд“ со ратрак.
Регулатива – закони, прописи, правилници, меморандуми, договори.
Оператор-пионер – оператор за „фри рајд“ со ратрак кој прв истражил, поставил, развил и формирал одреден терен за „фри рајд“ со ратрак со дефинирани граници.
Имитатори – организации кои го следат постојниот оператор со „фри рајд“ ратрак / оператор-пионер кој има веќе развиено одреден терен за „фри рајд“ со ратрак. Организацијата-имитатор користи постоен систем на патеки и прави паралелна понуда.