Турското Собрание го менува Уставот

Сподели

Големото народно собрание на Турција синоќа ги прифати амандманите на Уставот со кои на претседателот на државата му се овозможува да владее по пат на декрети и да биде член на политичка партија.

Со ова, како што оценуваат аналитичарите во Анкара, Турција направи чекор напред кон замена на сегашниот парламентарен со претседателски систем, со што и правно ќе биде регулирана и зајакнатата извршна власт на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Амандманите кои беа усвоени минатата ноќ ја регулираат контролната улога на Парламентот врз извршната власт, дозволувајќи му на шефот на државата да биде член на политичка партија и да извршува функции во неа и да ги утврдуваат зголемните извршни надлежносити на шефот на државата, вклучително и неговото право да управува по пат на декрети.

Целиот пакет уставни реформи се состои од 18 амандмани, кои по пооделното одобрување, треба да бидат изгласани од страна на Парламентот и во целина, по што за промените треба да се изјаснат и граѓаните на референдум.