Министерство за образование на Турција денеска прогласи за работонеспособни 21.000 наставници, вработени во приватни институции.
Одлуката на министерството е дел од акциите кои турската влада ги презема по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули.
Претходно, Советот за високо образование побарал оставки на 1.577 декани и професори од сите универзитети во државата, a министерството за образование соопшти дека отпушти од работа 15.200 вработени.
Весникот „Хуриет“ јавува дека повеќе од 49.000 луѓе во Турција добија отказ од работа во различни министерства и државни институции осомничени дека се вмешани во обидот за воен удар.