Реџеп Таип Ердоган победи на претседателските избори уште во првиот круг со што тој добива нови овластувања како шеф на државата.
„Ердоган победи со апсолутно мнозинство и со сите важечки гласови“, изјави шефот на Централната изборна комисија. Претходно државната телевизија јави дека со 99% од пребројаните гласови, Ердоган имал 52,5%, додека неговиот главен ривал Мухарем Инче 31%.
Во Турција истовремено се одвиваа и парламентарни избори. Според првичните неофицијални резултати, владејачката Партија на правдата и развојот победи со 42%, додека опозициската Републиканска народна партија имала 23% од гласовите.
Одѕивот и на претседателските и на парламенатрните избори бил 87%.
Лидерите од сите краеви на светот упатија честитки до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод успехот на предвремените претседателски и парламентарни избори.
Претседателот Иванов телефонски му честиташе на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган