Турција подготвена да ѝ плати отштета на Русија за соборениот воен авион

Сподели

pixelmk-turcija-sobori-ruski-voen-avion-nad-granicata-so-sirija-35472

Откако Турција ѝ се извини на Русија за соборувањето воен авион во ноември мината година, најави и дека ќе го исполни и второто барање на Москва и ќе плати отштета за авионот.

Турскиот премиер Бинали Јулдирим за турската телевизија ТРТ потврдил дека Анкара ќе ја плати отштетата за соборениот авион од типот „сухој су-24“ и најавил дека наскоро ќе се нормализираат односите со Русија.

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, претходно соопшти дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испратил писмо до својот руски колега, во кое се извинил за иницидентот и изразил сочуство за загинувањето на еден од пилотите.

„Содржината на писмото е јасна. Ние го изразивме нашето жалење и, ако е потребно, ќе ја платиме и отштетата. Двете земји сакаат нормализирање на односите. Мислам дека работите одат кон подобро“, рекол Јилдирим за ТРТ, додавајќи дека Турција во Русија гледа стратешки партнер.

мета.мк