Турција: Покрената најголемата полициска акција против криумчарење дрога

Сподели

Над 200 лица се лишени од слобода во рамките на опсежната полициска акција против мрежата на криумчарење дрога во Турција, Anadolu Agency (AA).

Припадниците на турската полиција утрово ја започнаа досега најголемата акција против трговијата со дрога.

Акцијата е во тек на подрачјето на главниот турски град Анкара и во неа учествуваат 3.000 полицајци.

Акцијата е наречена по шефот на полицијата Џунејт Бурса, кој беше убиен за време на минатогодишниот неуспешен обид за државен удар на 15 јули, што го изведе терористичката организација ФЕТО во Турција.