Турција од самиот почеток на воени случувања во Сирија ја спроведуваше политиката на отворени врати за бегалците од оваа земја, а само минатата година во Турција се прифатени околу 2,5 милиони
АНКАРА (АА) – Турција од самиот почеток на воени случувања во Сирија ја спроведуваше политиката на отворени врати за бегалците од оваа земја, а само минатата година во Турција се прифатени околу 2,5 милиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Статистичките податоци исто така покажуваат дека Турција во 2011 година примила 9.118 бегалци од Сирија, година дена подоцна 14. 237, во 2013 година прифатила 224.655, во 2014 година 1. 504,122 а минатата година бројот изнесува на 2.426,330 прифатени бегалци од Сирија.
Турција со својот однос кон бегалците се покажа како земја за пример. Од 15-ти март 2011 година, кога започнаа немирите во Сирија, загинаа најмалку 273 лица, меѓу кои се и многу цивили.
Исто така, од 20 милиони жители во оваа земја, 13,5 се во состојба за потреба на хуманитарна помош. 6.6 милиони луѓе се раселени, 4.8 милиони од нив пронајдоа спас во премин во соседните земји. Турција за помош на сириските бегалци кои пронајдоа засолниште во нејзините граници издвои околу 10 милијарди долари. Благодарение на соодветните услови во камповите, 335 илјади сириски деца одат во училиште.
AA.COM.TR