Турција со обвиненија против 99 генерали

Сподели

turkey-military-erdogan-2011-8-4

Турските власти формално поднеле обвиненија против 99 генерали и околу 360 офицери поради нивната наводна улога во обидот за државен удар, соопштија денеска турските претставници.

Според истите извори, уште 14 генерали ќе останат во притвор.

Турските власти во последните неколку дена спроведуваат масовни смени и апсења во војската, полицијата, државите служби и во образовниот систем.

Досега се уапсени, сменети или суспендирани повеќе од 50.000 лица.